За нас
ПРОГРАМА за работа на Здружението на граѓани

“Еднаквост за геј и лезбејки”(ЕГАЛ) - Скопје

Bookmark and Share
Еднаквост за геј и лезбејки (ЕГАЛ)-Скопје е невладина, непрофитна организација со седиште во Скопје, Република Македонија.

Цели и задачи и на здужението се следните:

Основна цел на ЕГАЛ е овозможување на примарна превенција од ХИВ/СИДА и полово преносливи болести преку организиран начин на спроведување на активности за превентива на ХИВ/СИДА и полово преносливи болести кај геј и лезбејската популација како и кај општата популација преку едукација, психосоцијална работа, грижа и помош на лица кои се ХИВ позитивни, заболени од СИДА, како и луѓе кои што живеат со ХИВ/СИДА и оние кои што се погодени од некоја полово пренослива болест.

Тоа би се спроведувало преку организирање на работа со групи за поддршка на геј и лезбејки во кризни состојби, како и разни форми на групна работа, изведување на специфични програми насочени кон посебни целни групи во врска со унапредувањето на здравјето, животните стилови и културата. Потоа, организирање на работа со групи за поддршка на луѓето кои што живеат со ХИВ/СИДА и полово преносливи болести, давање на совети за превенција на ХИВ/СИДА и совети за подобрување на општата здравствена состојба на луѓето кои што живеат со ХИВ/СИДА.
ЕГАЛ би се залагал и за развивање на програми за социјален маркетинг, кои ќе ги промовираат превентивните програми, како и концептот за унапредување на здравјето преку кампањи кои подразбираат организирање на: едукативни семинари, трибини, работилници, културни настани, печатени материјали и др.

Соработката со невладини организации и државни органи по прашања од заеднички интерес за промоција на потребите и проблемите на младиот човек, соработката со стучни организации и институции, невладини и хуманитарни организации и поединци, како во Република Македонија така и во странство, со цел за мобилизирање на јавноста за обезбедување на постојани средства за финансирање на програмските задачи и цели на здружението, како и соработка со здравствените служби, центрите за социјална работа, воспитно-образовните институции и казнено-поправните установи со цел за подобрување на стандардите и односот кон целните групи со кои работи Здружението би било исто така нешто на кое што ЕГАЛ би посветил посебно внимание.

Една од круцијалните цели на здужението би било и прибирањето и обработката на податоци во врска со геј и лезбејската култура во Република Македонија, како и изготвување на програми и методи со кои истата таа би се подигнала на едно повисоко ниво.

Здружението како една од примарните цели го има социјалното интегрирање на геј и лезбејките во Република Македонија како и заштита на нивните човековите права. ЕГАЛ би имал за цел и борба против сите форми на правна, социјална, културна и економска дискриминација и прогонување на геј и лезбејките во Република Македонија. Исто така овозможување на потполна психо-социјална, и правна поддршка и помош на геј и лезбејки, кога тоа е неопходно , како и би работел за постигнување на поголема толеранција од страна на целото општество кон тој специфичен дел од населението на државата.



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ