Здравје
ЛГБТ СЕКСУАЛНО ЗДРАВЈЕ И ППИ

(Полово преносливи инфекции)

Bookmark and Share
Постојат најразлични типови на инфекции (предизвикани од вируси, бактерии, габи и др.) кои се пренесуваат преку сексуален пат. Овие инфекции се наречени полово преносливи болести- ППБ или уште СПБ-сексуално преносливи болести.

Поголемиот број од ППБ може да остават сериозни последици по човековото здравје, доколку не се лекуваат. Неколку од можните компликации се: предизвикување на стерилитет (неплодност), канцер (рак) и други.


Доколку сте сексуално активни или размислувате околу тоа, важно е да знаете да се заштитите од ППБ.
 

СИМПТОМИ КОИ УПАТУВААТ НА ИНФЕКЦИЈА!

Поголемиот број на ППБ може но, и не мора да пројавуваат симптоми.

Најчести општи симптоми се:

  • зголемено излачување на вагинален секрет (промена на боја, мирис, густина)
  • исцедок од пенис
  • чувство на печење при мокрење
  • воспаление најчесто на гениталниот или аналниот предел
  • чувство на чеШање околу половите органи или аналниот предел
  • појава на осип
  • потечени жлезди во пределот на препоните

Сите овие симптоми може да се појават одделно или заедно.
Појавата на овие симптоми не значи секогаШ дека станува збор за ППБ, ниту пак отсуството на истите овие знаци не значи дека со сигурност немате ППБ.

Потребно е да практикувате редовно одење на гинеколог(за жените), дерматовенеролог или уролог (кај мажите)доколку сте сексуално активни!


КОЈА Е ВЕРОЈАТНОСТА ДА СЕ ИНФИЦИРАМ СО ППБ?

Можност за инфекција од било која ППБ постои за секој што има:

  • незаштитен сексуален однос (секс без употреба на кондом или случај кога кондомот се кине ) со партнер/ка кој/а можеби е инфициран/а.
  • партнер/ка кој/а има или имал/ла полово пренослива болест.
  • нов/а сексуален/а партнер/ка.
  • партнер/ка кој/а практикува сексуални контакти со други партнери/ки.
  • користени игли за вбризгување на дрога, за тетовирање,за дупчење на телото (body piercing)

Доколку сте имале незаштитен однос, пожелно е да посетите доктор- гинеколог, дерамтовенеролог или уролог и да побарате проверка за ППБ. Вашето здравје е мошне важно, а исто така и здравјето на Вашиот партнер.
Важно: ППБ може воопшто да не пројават никакви симптоми!!!


ЗА МЕНЕ НЕ ПОСТОЈАТ ППБ!

Единствениот и најсигурен начин да се заШтитите од полово преносливи болести и други инфекции е апстиненцијата (тоа значи воопШто да не се биде сексуално активен)

Доколку имате сексуални односи, треба да запомните:

  • секогаш користете латекс кондом-тоа е еднајважното нешто што може да го направите!
  • пробајте да одговорите на прашањата: Колку партнери имав изминава година? Дали практикувам ризично однесување? Дали постои можност да сум се инфицирал/а?
  • никогаш не користи веЌе употребени игли за интавенско примање на дроги, тетовирање или дупчење на телото (body piercing).
  • приватност и интима во вашата врска може да се постигнат не само преку сексуалниот чин туку и со бакнување, допирање и милување.
  • најризичен начин за пренос на ППБ од сите видови на секс е аналниот
    ( како за мажите така и за жените)

Доколку се сомневате за можна инфекција или ППБ, ве советуваме да го посетите Вашиот општ лекар или гинеколог, дерматовенеролог или уролог.

Факти: Алкохолот и дрогата го онеспособуваат донесувањето на вистинските одлуки. Секој од нас може да се најде во ситуација кога нема да може да одолее на одредена понуда! Но, само затоа што сте под дејство на дрога и алкохол, не значи и дека мора да имате секс. Доколку се одлучите на секс, задлжително користете заштита.


КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ ППБ?

Полово преносливите болести или ППБ се пренесуваат на неколку различни начини:

Најчесто, ППБ се пренесуваат преку сексуален пат. Тоа се случува бидејќи бактериите и вирусите кои ги предизвикуваат истите навлегуваат во телото преку крвта, семената и вагиналната течност. Секако и плунката може да биде преносител на ППБ доколку имате рана во и околу усната празнина.

Друг начин на пренос на ППБ е употребата на веЌе користени игли и Шприцеви во кои се наоЃа инфицирана крв.

Од сите ППБ, вакцина за превенција постои само за Хепатит Б.
Важно: Ако еднаШ се инфицираШ од ППБ, тоа не значи дека никогаШ повторно нема да се инфицираШ од истата или друга ППБ!!!

Можно е истовремено да се биде инфициран од повеќе ППБ. Многу ППБ лесно се лекуваат, но доколку се игнорираат, може да бидат опасни.
За некои ППБ, како гениталниот херпес или ХИВ инфекцијата, денес, не постои лек.

Факти: ППБ се пренесуваат преку орален секс и телесните течности. ПонекогаШ, за инфекција е доволен само контакт на гени


ВИДОВИ НА ППБ

Постојат повеЌе видови на ППИ но најраспротанети се следите:

  • Хепатит Б и Ц
  • Гонореја (Трипер)
  •  Кламидија
  • Трихомонас
  • Гениталес херпес
  • ХПВ вирус
  • Сифилис и други


Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ