Култура
Ѕуница 2009

Фестивал Ѕуница 2009

Bookmark and Share


Четвртиот фестивал Ѕуница беше организиран повторно во киното Фросина – МКЦ Скопје, во 2009 година. Посетеноста беше одлична бидејќи по четврти пат ЛГБТ заедницата започнаа да го препознаваат брендот Ѕуница како место каде може да дојдат, да се опуштат со своите пријатели и да видат нешто ново што се случува во филмската индустија во светот. Полека, но сигурно тимот зачекорува поблиску до остварување на својата крајна цел, засилување на заедницата.


На фестивалот се одржаа:
1. Филмови: Clapham Junction, Whirlwind, Dog Tags, Life and Death of the A-list, Rock Bottom, Tick Tock Lullaby
2. Изложба на фотографии од Васко Бојаџиски на тема “Заробени моменти“
3. Една забава со DJ

Темата на промотивниот материјал беше избрана од фото сесијата која беше изработена за изложбата на фестивалот. Уметникот проба да го долови црно белиот свет на реалноста на ЛГБТ лицата во Македонија, со мали примеси на ѕуницата која го обојува нивниот свет на само одредени заробени моменти. Во тие моменти кои за миг застануваат во времето, може јасно да се види одреден поглед, допир, желба...



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ