Култура
Ѕуница 2007

Фестивал Ѕуница 2007

Bookmark and Share


Во 2007 година тимот на Ѕуница фестивалот успеа да навлезе и во уште една државна институција и започна со своите филмски проекции во киното Фросина при Младинскиот Културен Центар. Тоа беше уште едно големо признание дека иако невидливи, сепак успешно беа подржани од државата.

Во склоп на самиот фестивал се организираше:
1.  Филмови: Sugar Sweet, Whole New Thing, A Family Affair, The Journey и Daddy & Papa
2. Изложба на фотографии од Васко Бојаџиски со тема “М/Ж“
3. Три забави на кои имаше настап Елена Петреска, Лора Фер- транвеститски настап и DJ

Темата на промотивниот материјал беше со посебна приказна која зборува за воените лица низ светот. Имено војните лица кои сакаат да изледаат добро во својата воена униформа, порано носеле корсети, наречени машки корсети. Преку нив, полека корсетите го нашле своето место и кај женскиот пол, кои го користат и до ден денес. Но машките корсети сега се табу тема, забранета за зборување бидејќи се доказ дека дури и војската одобрувала женски елементи.  Доколку некое машко денес облече корсет, веднаш е обележан како транвестит, но порано војниците под облеката го носеле редовно. Па прашањето останува, кој може да види што се носи под облеката? Кој може да претпостави каква личност (сексуалност) се крие под маските кои ги ставаме секојдневно?



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ