Култура
Dzunica 2006

Фестивал Ѕуница 2006

Bookmark and Share

Во 2005 година тимот кој го организираше Фестивалот Ѕуница го отвори секторот за култура во Здружението на граѓани- ЕГАЛ. Секторот за култура сеуште функционира и успешно ги организира сите културни активности за ЛГБТ популацијата во Македонија. Тимот го организираше вториот Ѕуница фестивал во 2006 година повторно во Музејот на Современа Уметност во Скопје.

Во него се оддржаа:
1.       Филмови: Latter Days, Goldfish Memory, Mambo Italiano, Urbania, Producing Adults, Girl Play и Cowboys & Angels
2.       Изложба / Инсталација на Гоце Ефтимов, уметник кој го прикажа начинот на (не)прифаќање на ЛГБТ лицата од страна на блиската фамилија.
3.       Три забави со DJ

Темата на промотивниот материјал беше искажувањата на скриените чувства кај ЛГБТ луѓето во Македонија. Беа фотографирани две машки лица кои покажуваат емоција под вода, скриени од очите на јавноста. Водата претставува еден симбол на чиста љубов, која ги крие чувствата кои не се прифатени од хомофобичната средина.



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ