Култура
Ѕуница 2004

Фестивал Ѕуница 2004

Bookmark and Share

Фестивалот Ѕуница за прв пат се оддржа во 2004, во организација на “Центар за граѓански и човекови права“, која имено беше и првата ЛГБТ невладина организација во Македонија. На фестивалот работеше тим кој за прв пат се соочуваше со сите проблеми на хомофобијата во Македонија, упорно и полека кршејќи ги бариерите на човечките сфаќања. По долгата подготовка, тимот успешно се вклопи во Македонското опшество, на еден невидлив начин кон јавноста, но сосема видлив за ЛГБТ популацијата.


Фестивалот се оддржа во Музејот за Современа Уметност во Скопје, и во него се организираа следниве:
1. Филмови: Tipping the velvet, Wolves of Kromer, Surf Babes, Boyfriends, When boys fly, The Pink Ferret, Big Eden и Treading Water
2. Изложба на фотографии на тема “Трансексуалност“ – на босанскиот уметник Исток Братиќ
3. Три забави со DJ

Темата на фестивалот беше желбата за еднаквост на ЛГБТ лицата во Македонија, како невидлива заедница. Насловната страна на промотивниот материјал беше претставен со девојка која држи балони во сите бои на ѕуницата, во една сива средина, која јасно ја претставува монохромноста на сфаќањата во Македонија.

 



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ