Истражувања
Зошто некои луѓе се геј?

Bookmark and Share
Снежана Врангалова

Основниот принцип на кој психолозите и психијатрите во модерниот свет ги базираат своите одлуки за тоа дали една појава е нормална или патолошка е дали таа е предизвикува вознемиреност и страдање кај поединецот, и дали претставува пречка за успешно функционирање во заедницата во која тој живее. Сериозниот недостиг од докази дека хомосексуалноста ги исполнува овие улови доведе до нејзиното отстранување од двете официјални листи на ментални растројства - прво од Американската психијатриска организација во 1973 г., а подоцна и од Светската здравствена организација во 1992 г.

Денеска е општоприфатен фактот дека хомосексуалноста не е психичка болест во сите професионални светски кругови во западниот свет. Но дали таа е морално пожелна појава се уште останува отворено прашање. Кога луѓето ќе слушнат дека ја проучувам сексуалната ориентација, првото прашање што го добивам е „ Зошто некои луѓе се геј?“

Навистина, ова е најгорливото прашање во оваа научна област и стотици истражувачи работат да го одговорат. Но неговата значајност оди многу подалеку од чиста научна љубопитност - огромен број луѓе и општествени групи низ светот се надеваат дека одговорот на ова научно прашање ќе го даде одговорот на горната етичка дилема.
Но колку научните сознанија треба да ги насочуваат нашите морални гледишта?

Прочитај го целосниот текст
(Текстот е превземен од весникот Време, број 1281, 31.01.2008 )



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ