Здравје
Геј инфо линија за HIV/SIDA

Bookmark and Share
Првата активност на Х.Е.Р.А. како самостојна НВО беше СОС телефонската линија за превенција од ХИВ. Со повеќегодишно работење на оваа линија се дојде до заклучок дека голем број од јавувачите поставуваат прашања во однос на хомосексуалната превенција и заштита. Со ова се утврди потребата од иницирање на слична СОС линија наменета за оваа популација.

Во Април 2003 година започна проектот Геј инфо линија што ефективно започна со работа на 15 Мај 2003 година кога се регистрира и првото јавување.

На почетокот се јавија и првиот проблем. Ретко се случуваше телефон 02 3129 173 да заѕвони во работните денови меѓу 19-22ч. Проблемот требаше да се лоцира: има ли потреба од ваква линија или некаде се греши? Проблемот беше лоциран во недоволната реклама. Во следниот перод линијата беше рекламирана низ печатените медиуми по што бројот наеднаш почна да расте. Од јуни до октомври беа регистрирани 140 јавувања. Се поставуваа најразлични прашања и луѓето конечно прозбореа на темата сексуално здравје помеѓу хомосексуалната популација. Се регистрираа многу проблеми коишто ги мачат луѓето од оваа популација и на коишто сериозно треба да се поработи.

Токму во тоа време PSI –Романија(невладина организација и фондација која работи на Сексуалното здравје помеѓу маргинализирани групи) покажа заинтересираност за соработка со Х.Е.Р.А.на полето на истражување на сексуалните навики на МСМ(мажи што имаат секс со мажи) и употребата на кондоми.
Истражувањето траеше 6 месеци при што беа опфатени 15 МСМ лица кои низ интервјуа дава информации.

Добиените информации од истражувањето беа загрижувачки поради недоволната информираност на МСМ лицата за Полово преносливите инфекции и практикувањето на безбеден секс(употреба на кондоми).
Промискуитетноста како и начинот и местата каде се запознаваат луѓето од МСМ пополуцијата влијае на нивната употреба на кондоми.

Најголем дел од испитаниците никогаш не користеле кондом за орален секс(ризично однесување) што значи дека не се водело грижа за изборот на соодветен кондом за соодветна употреба. Мал беше бројот на оние што знае дека постојат кондоми за разлижна намена: за орален, анален и вагинален секс. Лубрикантите беа нешто за коешто никогаш не слушнале. За нивна замена користеле: креми, млеко за тело, маргарин или путер, шампон и сл кои најчесто ги оштетуваат кондомите.

Како и да, е ова истражување даде насока на што посебно треба се посвети внимание и како да се продолжи понатака.

Со работа на проблемите за сексуално здравје кај хомосексуалната популација континурирано се зафати еден тим на доброволци кои сериозно ги разгледуваа проблемите и се трудеа да го зголемат нивото на инфорираност.

Истата група луѓе во Ноември 2003 година формира партнерска(сестринска) организација на Х.Е.Р.А. којашто ќе работи исклучиво со хемосексуална популација. Организацијата беше наречена ЕГАЛ односно скратено од Еднаквост за Геј и Лезбејки или Equality for Gay And Lesbians. Организацијата официјално беше регистрирана на 13. 02. 2004.

Соработката со PSI –Романија во меѓувреме продолжи.
Идејата беше да се подобри информираноста на МСМ лицата во однос на хив/сида и ппи преку ненаметливи активности-едукативни забави и игри.

Забавите беа организирани во кафе-барот Пабло, Њу-ејџ кафе, ВајНот –клубот како и на Терминал- cruising area. На овие места се делеа кондоми, лубриканти и едукативен материјал.
Најзабележителна теренска работа во проектот беше воспоставената комуникација со МСМ лица од ромската национална заедница како и дистрибуцијата на бесплатни кондоми во Шуто Оризари, поточно во кафе клубот СТИЛ.

Со овие активности не само што се води сметка за сексуалното здравје, туку се подобрува и социо-културниот живот на оваа популација. Проектот вклучи и проекции на филмови.
На редовното Собрание на Х.Е.Р.А. во Мај 2004 беа признаени сите заслуги на ЕГАЛ за напорите за секскуално образование помеѓу МСМ популацијата како и трите официјално остварени проекти.
Една од последните активности беше и поддршката што ЕГАЛ ја даде на Центарот за Граѓански и Човекови права во реализацијата на фестивалот Ѕуница-првиот геј фестивал организиран во Македонија. ЕГАЛ ги организираше постпроекциските забави во : МАНКИС,ПАПАЈА и ВАЈ НОТ пришто се делеа кондоми и едукативни материјали. Фестивалот беше успешен и најверојано ќе прерасне во традиционална манифестација под покровителство на ЕГАЛ.

По покана на Центарот за Граѓански и Човекови права ЕГАЛ се приклучи кон SEEQNetwork – мрежа на организации од екс-југословенските простори.

ЕГАЛ е рамноправна членка на ИЛГА(Интернационална Лезбејска и Геј Асоцијација).



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ