За нас
КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ЕГАЛ – СКОПЈЕ

Bookmark and Share
Здружението на граѓани ЕГАЛ – Скопје е основано на 3ти Ноември 2003 Година како резултат на сé поголемиот број активности за сексуалното здравје и културата на живеење на веќе видливата ЛГБТ (Лезбејска Геј Бисксуална и Трансексуална) сцена во Р. Македонија. Искуството за работа на полето на ХИВ/СИДА и ППИ, основачите го добија како членови на З.Г. Х.Е.Р.А.- Скопје, каде работеа на проекти фокусирани на МСМ (мажи кои имаат секс со мажи) односно ЛГБТ популацијата. З.Г. ЕГАЛ, официјално беше регистриран на 13 Фебруари 2004 година кога и започна со својата самостојна работа, а во Ноември 2004 година стана член на ИЛГА (Интернационална Лезбејска и Геј Асоцијација). Исто така ЕГАЛ е член и на ММНШ( Македонска Мрежа за Намалување на Штети) како и во поново време е една од четирите НВОа во Националната Меѓуресорска Комисија како претставници на Граѓанскиот сектор.

Мисијата на ЕГАЛ е да го подобри сексуалнато здрваје и културата на живеење на ЛГБТ популацијата како и да ја намали хомофобијата во Р. Македонија.

Во моментов ЕГАЛ прерасна во организација со три сектори и тоа:

  • Здравствен сектор за ЛГБТ лица
  • Сектор за кулура на ЛГБТ лицата
  • Сектор за истражување и хомофобија

Активности на НВО ЕГАЛ:

  • „Геј инфо линија за ХИВ/СИДА и ППИ“ – која обезбедува информции за заштита на пренос на ХИВ/СИДА и ППИ. Овој проект започна на 15 Мај 2003 во соработка со НВО Х.Е.Р.А. – Скопје, финансиран од ИТЗ ( Институт за Трајни Заедници) и е сеуште во функција поддржано од Министерството за Здравство преку грант на Глобален фонд за ХИВ/СИДА
  • PER (Peer Ethnographic Report) во соработка со ПСИ – Романија. Регионално истражување за МСМ (мажи кои имаат секс со мажи) заедницата во четири балкански земји (Mакедонија, Бугарија, Романија и Кососво), првенствено фокусирано на ХИВ/СИДА и ППИ кај оваа популација. (www.psi.ro)
  • „РискНет“ проект , финансиран од ПСИ – Романија. Проект фокусирана на промоција на безбеден секс и дистрибуција на кондоми и лубриканти како и едукација за превенција од ХИВ/СИДА (www.psi.ro).
  • Активностите на Глобален Фонд за „Превенција од ХИВ/СИДА помеѓу МСМ популација“ се координирани од ЕГАЛ каде како примарен реципиент се јавува Министерството за Здравство на Р. Македонија. Овие активости започнаа во Ноември 2004 (www.hera.org.mk)
  • Бихевиорално и серолошко исрашување помеѓу МСМ во однос на ХИВ/СИДА а во соработка со Републички Завод за Здравствена Заштита.
  • Истражување за „Геј културата на живеење и сексуалната култура помеѓу ЛГБТ во Македонија“ финансирано од С.О.С. Холандија а во соработка со НВО МАССО од Скопје ( Април 2005 –Септември 2005)
  • „Ѕуница фестивал“ филмски и уметнички фестивал за ЛГБТ лица (Декември 2005 – Мај 2006) финансирано од С.О.С. Холандија.

Истражување за „ Интеграција на здравствените прашања на ЛГБТ популацијата во владинита здрваствена политика во Центарлна и Источна Европа – фаза 2“ поддржано од ИЛГА – Еуропа

Истражување помеѓу „МАРА“ - Most At Risk Adolescents (Адолесценти под највисок ризик) со универзитетот „ Кирил и Методиј“, Институт за Антропологија и Етнологија во македонија а поддржано од УНИЦЕФ (Август 2006)

Теренско ДДСТ ( Доброволно Доверлива Советување и Тестирање) за ХИВ/СИДА. Тесирање со Рапид (брзи) тестови за ХИВ/СИДА на повеќе локации фреквентни од МСМ во Скопје во подвижна лабораторија (комбе) во соработка со НВО Х.Е.Р.А. и Репоблички Завод за Здравствена Заштита

„Ѕуница фестивал 2007“филмски и уметнички фестивал за ЛГБТ лица (Март 2007) финансирано од С.О.С. Холандија.

Една од активностите на НВО ЕГАЛ во рамките на Глобален Фонд е и градење на капацитети кои ќе работат со МСМ популацијата и отварање на свои подружници на различни локации и со различни етнички групи. Уште на самиот почеток на тренинзите на лицата кои работат во НВО ЕГАЛ имаше и двајца припадници на Ромска популација, кои успешно ги поминаа тренинзите и подоцна беа вклучени во активностите на НВО ЕГАЛ. Почетокот на работата покажа дека и покрај тоа што има многу сличности, дека постојат и големи разлики во пристапот па така се градеше потполно нова стратегија за работа која се покажа доста успешна и функционална.

Една од најбитните разлики е што се појавуваат две групи и тоа: 1, Лица кои се идентификуваат како ЛГБТ лица и 2, Лица кои не се идентификуваат како ЛГБТ меѓутоа се припадници на МСМ лицата. Искуствата покажаа дека токму втората група на лица е во голем број и дека е потешко достапна. Поради тоа се формираа две стратегии за пристап и беа направени два тренинга на лица од Ромска МСМ припадност каде вкупно учествуваа 22 лица од Ромска припадност од кои еден дел се припадници на ЛГБТ а еден дел само припадници на МСМ кои не се идентификуваат во ЛГБТ заедницата.

Како резултат на соработка со лица од населба Шуто Оризари а членови на НВО ЕГАЛ се јави идејата за отварање на канцеларија во Oпштина каде миграцијата на МСМ односно ЛГБТ лицата кон центар е многу мала. Токму поради тоа сметавме дека канцеларија на ЕГАЛ во Ш. Оризари ќе биде корисна и воедно ќе се надополни со активностите на Младинскиот пријателски центар „Сакам да знам“ кој се отвори во Здравствениот дом во населбата.

Канцеларијата на НВО ЕГАЛ во населба Ш. Оризари се наоѓа на ул. Нов Живот“ бр 48б и работи секој работен ден од 13 – 17 часот, понеделник и четврток до 21 часот.

Активности кои се извршуваат во канцеларијата се:

  • ПИЕР едукација за превенција од ХИВ/СИДА и ППИ фокусирано на МСМ
  • Дистрибуција на кондоми лубриканти
  • Советувалиште за пред и пост ХИВ/СИДА тестирање
  • ХИВ/СИДА теренско тестирање
  • Препраќање во референтни институции за сексуално и репродуктиво здравје.

Од своето отварање во Септември 2006 година кога официјално започна со работа канцеларијата во населба Ш.Оризари до Јуни 2007 година, канцеларијата понудила услуга на 324 лица од Ромска МСМ припадност, 6 лица од Албанска МСМ припадност, 8 лица од Турска МСМ припадност и 12 лица од Македонска МСМ припадност. Овие лица во истиот период направиле вкупно 1240 посети во канцеларијата.

ЕГАЛ е членка на AIDS Action Europe.



Нашите партнери

H.E.R.A.

The Global Fund

COC Netherlands
  
 
 

Copyright 2017 © EGAL Почетна странаМапа на сајтотЗа ЕГАЛ