Премини на содржината
Дознај го својот ХИВ-статус

Направи брз ХИВ-тест

Секој незаштитен сексуален однос е потенцијален ризик за инфекција со ХИВ. Во ЕГАЛ ти нудиме бесплатен ХИВ-тест, загарантирана доверливост и резултат за само 30 минути.

збор-два за нас

Кои сме ние

Здружението на граѓани ЕГАЛ од Скопје е невладина организација која започна со работа 2004 г., а од 2017 г. континуирано работи на проект на Министерството за здравство за превенција на ХИВ меѓу популацијата на МСМ во нашата држава. Меѓу другото, Здружението се занимава со: истражување, подигање на јавната свест, давање услуги, застапување, оснажување преку културно делување, обучување. Продолжи со читање »

услуги што ги нудиме

Нашите сервиси

Тестирање за ХИВ

ХИВ-тестот е брз и се прави со капка крв од прст, а резултатот го добиваш за 30 минути

Советување за ХИВ и СПИ

Советување пред и после ХИВ-тест и консултации за сексуално преносливи инфекции

Врсничка едукација

Неформална едукација меѓу врсници на теми поврзани со превенцијата од ХИВ и СПИ

Разговор со психолог

Индивидуално психолошко советување и психотерапија, психосоцијална поддршка

Културни настани

Приватни настани за дружење и културна еманципација и јавни културни настани

Теренска работа

Информирање на МСМ за нашите сервиси и делење основен пакет за превенција на ХИВ

Заштити се од ХИВ! Користи кондом.

Дали знаевте? Во центарот за сервиси на ЕГАЛ и кај нашите теренски работници можете да подигнете бесплатни кондоми, лубриканти и едукативно-информативни материјали за заштита од ХИВ.

имаш прашање за нас?

Контактирај нѐ!